Плати сметка online

Почитувани корисници,

Со новата услуга за безбедно и електронско плаќање Ви овозможуваме да Вашите месечни сметки ги подмирите од сигурноста на својот дом, во секое време, без непотребни чекања во нашите салони во случај на поголем број на клиенти во истите.

Плаќањето се одвива со платежна картичка, без провизија и дополнителни трошоци, во неколку чекори. За плаќањето да биде успешно, задолжително мора да внесете валидна адреса за е-пошта (е-mail) на која ќе биде испратена потврдата за уплата.

ПОСТАПКА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СМEТКАТА

  1. Внесете го Вашиот БРОЈ НА ФАКТУРА и ШИФРАТА на фактурата коja сакате да ја платите.
  2. Кликните на полето ВИДИ ИЗНОС.
  3. На следниот екран внесете ги Вашите податоци, бројот на вашата платежна картичка, CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката, рокот на валидност на картичката и задолжително валидна е-mail адреса. Податоците се внесуваат на страната на банката и К-Нет нема никаков увид во истите.
  4. Кликнете на полето ПЛАТИ.

Безбедност на електронското плаќање

К-Нет ве информира дека не прибира лични податоци и дека нема пристап до информациите поврзани со Вашата картичка или со Вашата банкарска сметка. Заштитата и безбедноста на Вашите лични податоци ја сфаќаме сериозно и одговорно. За таа цел, веб страницата до која пристапувате користи сертификат за безбеден пристап до истата. Безбедноста на вашите трансакции е загарантирана со безбедносните програми MasterCard Secure Code и Verified by Visa, обезбедени од страна на Банката.